Обуки


Обуката, како холистички (сеопфатен) пристап, вклучува економски, правни и технички теми кои се неопходни со цел премин кон користење на m-commerce. Обуката се состои од три блока, во времетраење од два дена. Блоковите се подредени на таков начин што тие можат да бидат посетени и поединечно. Секој блок се фокусира на една главна тема.

Блок 1 има за цел да ги запознае учесниците со m-commerce. Во овој контекст, посебно се става акцент на е-бизнис моделите и бизнис процесите. Вториот дел од овој блок опфаќа правни, и прашања поврзани со безбедноста на онлајн бизнисите во одредена земја. Основното разбирање на процесите и процедурите во е-commerce и m-commerce се основа за задоволстволни клиенти, како и зголемен обрт.

Блок 2 највеќе внимание посветува на аспектите на онлајн маркетингот. Дополнително, овде се разгледуваат можностите за маркетинг преку социјалните медиуми. Не само користењето на различни маркетинг канали, туку и критичните размислувањата во врска со резултатите од овие активности, како и персонализирањето на понудите, го зголемуваат спектарот на клиенти на претпријатијата учесници.

Блок 3 ги опфаќа техничките аспекти на m-commerce. Во овој контекст, корисноста и дизајнот прилагодлив за уреди со различни големини на екранот и мобилни пристапи се сметаат за веќе постоечки m-commerce апликации. Целта на овој блок е да се
оптимизираат тековните тендери на m-commerce за мобилни уреди. Во овој контекст, станува збор за холистичко (сеопфатно) подесување на системот кое се движи од претставување, до извршување и чување на податоци.