Проект


Проектот m-commerce се фокусира на обука на кадар и вработени во мали и средни претпријатија (МСП), со цел понатамошен развој и проширување на активностите на m-commerce.
Проектот е поделен во различни фази кои се поврзани и се надоградуваат една со друга. Првата фаза опфаќа state-of-the-art анализа на m-commerce активностите и барањата кои се базираат на онлајн истражувања, контролирани интервјуа и евалуација на секундарни податоци. Резултатите, кои се унифицирани како резултат на наодите специфични за земјата, се основа за развојот на курс за обука во  m-commerce. Друг резултат во оваа фаза е базата на податоци на најдобри практики,  каде веќе постојат и се успешно прикажани m-commerce решенија.

Втората фаза од обуката е развиена во однос на научените лекции од првата фаза. Обуката е развиена заедно со нашите партнери: Универзитетот во Alcala (Шпанија), Политехничкиот Универзитетот во Тимисоара (Романија), Центар за Управување со Знаење (Македонија) и FH JOANNEUM, Универзитетот за применети науки (Австрија).

Фаза три се карактеризира со спроведување на обуката. Обуката се спроведува во сите земји-партнери. Во овие рамки, изборот на компании кои ќе учествуваат во обуката треба да рефлектира рамномерно учество на различни индустрии и услуги.

Во проектот m-commerce се спроведуваат следните активности:

• Истражување на моменталниот статус-кво на m-commerce во различни региони во Европа.
• Собирање на најдобрите практики и примери од различни региони.
• Развој на материјали за настава и учење за обуката во m-commerce.
• Спроведување на обука во сите седум земји партнери, со минимум 10 учесници вработени во МСП при секој циклус на обука.
• Малите и средни претпријатија кои ќе учествуваат во сите циклуси на обука имаат m-commerce стратегија и можни решенија за имплементација на m-commerce.