m-commerce


Светот на бизнисот постојано се менува и е се повеќе мобилно ориентиран. Пазарувањето преку паметни телефони, кои се временски и локациски независни, станува се повеќе популарно. Како резултат на ова, компаниите се принудени да го усогласат своето интернет присуство со постојаниот развој во мобилниот сектор. M-commerce, проектот финансиран од ЕУ, има за цел да ги поддржи компаниите преку изнаоѓање начини кои ќе гo задоволат овој тренд успешно.
Поради огромниот пораст на бројот на паметни телефони, светот на бизнисот се отвори кон нови перспективи кои можат да бидат сумирани во еден buzzword, односно m-commerce!
Мобилната трговија, или на кратко m-commerce, вклучува купување и продавање на стоки и услуги преку безжични рачни уреди како што се мобилните телефони и таблети.

Според истражувањата на Е-Commerce-Center Handel (ECC Handel), лоциран во Германија, од компаниите се бара да се усогласат и да ги задоволат промените во барањата на клиентите, со цел да ја задоволат потребата за информации на клиентите, како и купувањето преку мобилни уреди. Всушност, 58, 8% од испитаниците сакале да имаат оптимизација на постоечките онлајн-продавници во однос на лесно и брзо мобилно купување.